Изложба на Атанас Ботев во Струга

Од:

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга вечер ќе биде отворена изложбата на Атанас Ботев „Луцидно синестетички дијалог“.

Во циклусот на слики насловен „Луцидно синестетички дијалог“ се присутни засегнатоста со општествените проблеми на глобален и локален план, како и критичкото преиспитување на општествените вредности.

Оваа изложба претходно беше поставена во галеријата Око во Скопје.

Ботев е роден во Скопје, во 1973 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (графика и графички дизајн) во 1997 година. Магистрирал на истиот факултет во 1999 година. Работи како раководител на Отвореното графичко студио при Музеј на Град Скопје. Работи во повеќе медиуми: сликарство, графика, цртеж, инсталација, перформанс.

Досега има остварено седум самостојни изложби, а учествувал на бројни групни изложби во земјава и во странство.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска