Изложба на академските сликари Јажвинска и Калиновски

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена ликовна изложбата насловена „Два патишта-една страст“ на академските сликари од Полска, сопружниците Анета Јажвинска и Гжегож Калиновски, учесници на 12. Ликовна колонија „Папрадишки мајстори 2о15“ која е во тек.

Елица Николова, директор на велешкиот Народен музеј, истакна дека креативната енергија на сликарите Анета Јажвинска и Гжегож Калиновски претставува важен дел од современата полска уметност претставувајќи две различни толкувања на светот, на различни делови од нашата планета.

– Изборот на теми открива два начина на изразување на уметничката страст, две различни патеки на нивната заедничка љубов кон сликарството, поинаков креативен пристап кон иста тема, рече Николова.

Анета Јажвинска е од Варшава, професор на Академијата Врша. На изложбата се претстави со 11 дела, претежно изработени на акрилна боја со масло во широк спектар на пастелни бои на хартија и на платно.

– Анета размислува за убавината на пејсажите, нурнати во сензуалноста и успева поради нејзината голема креативна способност да ги пренесе основните квалитети на животот на платно. Сето тоа се манифестира во експанзивни панорамски пејсажи на нејзините дела, кои сведочат за нејзината љубов кон природата, потенцира Николова.

Гжегож Калиновски е од Лоѓ, професор на Академијата за ликовни уметности. Преферира техника на масло, а од боите сина, зелена, жолта.

– Тој гради синтетички пејсажи-со архитектура и речни текови од регионот, Медитеранот и Азурниот брег, затворајќи ги во еден издолжен правоаголник. Гжегож повеќе се концентрира на деталите и суштината на материјата-синтетички поглед на реалноста, во придружба на дефинитивната способност да ја изрази својата вистина на едноставен начин, појасни Николова.

Изложбата е дел од културната манифестација „Велес-Град на културата 2015“.

Тие двајцата учествувале на бројни групни ликовни изложби и колонии, а имале и 30 самостојни изложби.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

Двајца велешани нападнале полицајци, насилниците завршиле во станица

Горан Наумовски

Измамема жена од Велес, останала без 600 евра

Изложба „Ќе ме (С)нема!“ – Ода за Преспанско Езеро на Кети Талевска во Битола