Изложба на академскиот сликар Горан Менков во галеријата Флукс

Од:

Академскиот уметник Горан Менков вечер во галеријата Флукс ќе се претстави со седма самостојна изложба насловена „Што е потребно да се постане дијамант?“, поддржана од Министерството за култура.

– Со оваа поставка авторот се доближува до големите нарации, предизвикувајки го апсурдот, трансендентирајки ги разликите меѓу формите суштински еднакви, дијамантот и графитот, кои се во основа само две варијации на еден елемент – јаглерод- темелот на сиот знаен живот. Дијамантот е најцврстиот материјал што му е познат на човекот. Низ целиот овој процес се доаѓа до одговорот на веќе поставеното прашање, општопознат но често заборавен – потребно е притисок и трпение за да се стане дијамант, соопшти организаторот за изложбата на Менков.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“