Изложба на академик Васко Ташковски

Од:

Во мултимедијалниот културен центар Матица екслузив во Скопје, ќе биде отворена изложба на познатиот македонски сликар, академик Васко Ташковски.

Авторот првпат пред љубителите на уметноста ќе презентира дваесет и шест графики. Ќе биде промовирана  и Монографијата на цртежи од авторот, во издание на Матица македонска и Македонската академија на науките и уметностите.

За делото на Ташковски ќе говорат писателот Раде Силјан и академик Владо Камбовски, претседател на Македонската академија на науките и уметностите.

Со оваа излoжба „Матица македонска“ ја продолжува востановената традиција да ги афирмира вредностите на македонските сликари и уметници.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“