Изложба „миниАРТура“ на ДЛУМ

Од:

Изложба на дела во мал формат од членови на  Друштвото на ликовни уметници на Македонија насловена „миниАРТура“ денеска ќе биде отворена во галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка од Скопје.

ДЛУМ, по шести пат ќе ја додели наградата „Златна четка“, а од страна на НЛБ Тутунска банка по втор пат ќе има една откупна награда насловена „НЛБ-МИНИ АРТ“.

За овој вид на изложба, чии дела имаат мал формат, на која што според веќе усвоените пропозиции делата можат да бидат со максимални димензии 10х10 сантиметри, авторскиот концепт за оформување на делото најчесто претставува посебен мисловен процес, поради ограниченоста на димензиите и минуциозноста на ликовниот израз.

Минијатурата не е прикажување на еден детал или исечок од една целина, таа е осмислен концепт во мал формат и претставува хомогена и кохерентна целина на еден индивидуален приказ.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска