Изложба „Иванки“ со активности од празникот Иванден во Ресен

Од:

Во организација на Институтот за старословенска култура од Прилеп, а во соработка со Завод и музеј  – Битола вечер во Спомен-куќата на Татарчеви во Ресен ќе биде отворена изложбата „Иванки“ од авторите Мери Стојанова и Ели Луческа.

На изложбата ќе бидат претставени дел од активностите реализирани во рамките на проектот за ревитализација и популаризација на празникот „Иванка“, согласно со Националната стратегија за развој на културата 2013-2017.  

Празникот Иванден во преспанскиот крај има карактеристични обичи единствени од ваков тип во Македонија. Од оваа година е прогласен за нематеријално, духовно и културно наследство на национално ниво со режим на заштита од прв степен, во категоријата особено, а поткатегорија исклучително значење.

Дел од активностите при реализација на проектот беа поддржани од Општина Ресен, а изложбата е финансирана од Министерството за култура.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“