Изложба и промоција на книга од Ефтим Клетников и Климе Коробар во Илинден

Од:

Во Домот на култура „Илинден“, денеска беше отворена ликовната изложба „Земна и небесна екстаза”, како и промоција на истоимената книга од авторите Ефтим Клетников и Климе Коробар.

Изложбата „Земна и небесна екстаза” е дел од истоимениот проект во рамките на кој во посебно издание покрај сликите од изложбата е објавена и поезија од Анте Поповски и Ацо Шопов, како и светски познатите автори Соломон, Михаил Лермонтов, Александар Блок, Хајнрих Хајне, Пол Верлен, Федерико Гарсија Лорка и Кајетан Кович.

Покрај уметничките дела, присутните на изложбата имаа ретка можност да уживаат и во стиховите на светски познатите автори на љубовна поезија, застапени во антологијата.

Во организација на Општина Илинден и Асоцијацијата за култура Икон, на изложбата се претставени 30 дела од еминентни македонски уметници како Васко Ташковски, Владимир Георгиевски, Павле Кузмановски, Ниче Василев, Симон Шемов, Новица Трајковски, Стефан Хаџи Николов, Маријета Сидоски и други.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“