Изложба и концерт на фестивалот на руската дијаспора „Јубилејна Русија“

Од:

Во Центарот за култура „Марко Цепенков“ вечер во рамки на Вториот фестивал на руската дијаспора „Јубилејна Русија“ ќе биде отворена изложба на детски цртежи и ракотворби, а потоа ќе се одржи концерт на кој со автентнични руски носии ќе се претстават руски уметници и ансамбли кои живеат и творат во Македонија.

Вториот Фестивал на руската дијаспора „Јубилејна Русија“ започна на 15-ти септември, а настани беа организирани и во Скопје и во Свети Николе.

Целта на Фестивалот е да ги прикаже достигнувањата на руската дијаспора во Македонија во денешно време, обединувајќи различни колективи и индивидуални претставници од целата Република.

Во рамки на фестивалот беа одбележани низа значајни датуми меѓу кои: 100 години од смртта на Распутин, 50 години од смртта на Ана Ахматова, 120 години од првата изведба на „Галеб“ на Чехов, 240 години од основањето на Бољшој театар…

Фестивалот е организиран од здружението на руски сонародници „Чајка“ со финансиска поддршка од Управата на Москва.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“