Изложба „Допирот на Африка“ на фотографот Марин Димески во Њујорк

Од:

Самостојна изложба насловена „Допирот на Африка“ на македонскиот фотограф Марин Димески е отворена во галеријата МЦ во Њујорк.

Изложени се 35 фотографии кои го изразуваат специфичниот однос на авторот кон  овој далечен простор – една студиозна, комплексна и сентиментална приказна за суптилното видување на автентичната слика на живописните пејзажи, „волшебните“ ликови, колористичките игри, запрените кадри, содржани во компактните композиции који нудат една поинаква реалност.

dopirotNaAfrika2

Делот од серијата „Африка“ прикажан на оваа изложба е составен од две групи фотографии: во боја и црно-бели. Токму во оваа двојност се состои и суштинскиот контекст на ова претставување.

Фотографиите во боја имаат само еден и единствен мотив – чистата природа, додека црно-белите фотографии за мотив го имаат човекот и населбата во која живее. Фотографиите на Димески нудат неколку дополнителни јазични елементи.

dopirotNaAfrika1

Изложбата ќе биде отворена до крајот на месецов.

Би можело да ве интересира

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска

Во Кавадарци отворена еко изложба со хуманитарен карактер

А1он

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река