Излезе од печат „Стрип Алманах“ бр. 4

Од:

Во издание на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, со поддршка од Министерството за култура, деновиве од печат излезе четвртиот број на публикацијата „Стрип Алманах“.

Станува збор за збирка дела од деветтата уметност – колективен труд на група млади македонски уметници предводени од сценаристот Александар Стеванов.

Стеванов посочи дека повеќето од стриповите презентирани на страниците на оваа публикација се од понова продукција, а воедно и дел од оние постарите се објавени премиерно во печатена форма.

Во улога на илустратори на објавените дела се јавуваат Дарко Богданов, Весна Ничевска, Катерина Николовска-Тери, Мирко Бојаџијевски, Стефан Коцевски и Елиза де Соуза.

– Од детски стрипови, преку исклучиво формалистички, па до такви инспирирани од историјата и суперхероите, се работи за навистина шаренолика публикација. Верувам дека секој еден би пронашол нешто интересно во ваквиот колаж од жанрови и стилови, изјави Стеванов.

Како специјално издание на магазинот „Стрип Креатор“, првиот број на „Стрип Алманах“ излезе во 2015 година. По двегодишна пауза, преку овој четврти број, македонските вљубеници во стрипот одново имаат можност да уживаат во селекција на најнови дела од домашната стрип-сцена.

Би можело да ве интересира

Македонски автор застапен во српска стрип-антологија

Македонскиот стрип претставен во Букурешт

Ана Ололовска

Македонскиот стрип со изложба во Сомбор

Ана Ололовска

Мултимедијалната патувачка стрип изложба „CAN for Balkans“ доаѓа во Велес

Ана Ололовска

Прогласени победниците на меѓународниот натпревар на историски стрипови „CAN for BALKANS“

Излезе од печат стрип албумот „Бестрашниот“ на Дарко Богданов

А1он