Излезе од печат делото „Сатирични ѕврчки“ од авторот Крум Николовски. Книгата содржи хуморески кои содржат три сегменти од општественото живеење, на кои како што вели рецензентот на книгата, познатиот сатиричар Миле Ѓорѓијоски, авторот им дава една посебна, но препознатлива димензија, својствена за мајстор во својот занает – сатирата.
-Книгава започнува со Историските ѕврчки, со една од неговите најдобри хуморески „Се-пак се врти“. Вториот циклус се Студентските ѕврчки, во кој Николовски во само со осум хуморески, ни ги открива сите тајни на својот студентски живот, додека третиот циклус Социјални ѕврчки, Николовски содржи единаесет хуморески, со прекрасен синопсис за сатиричен филм во кој социјалата е доминантна, истакна рецензентот Ѓорѓијоски за делото
Како што додаде тој, радува фактот што Николовски секој ден пријатно ги изненадува љубителите на сатирата со своите нови објави на неговиот профил и му посака на авторот уште многу дела, на радост на љубителите на неговата сатира.
Освен делото Сатирични ѕврчки, Крум Николовски на јавноста и е познат по своите први хуморески во некогашниот „Студентски збор“, потоа во „Остен“, „Нова Македонија“ и голем број фабрички весници.