Историја на фотографијата преку збирките од фондацијата на Мишел Оер

Од:

Македонскиот центар за фотографија, Кинотеката на Македонија и Универзитетот за аудиовизуелни уметности од Скопје организира презентација на тема „Историја на фотографијата, преку збирките на фотографската фондација М+М Оер“.

Фотографското богатство на Фондацијата ќе го презентира основачот  Мишел Оер, а се состои од над  50.000 оригинални  фотографии кои потекнуваат од самиот почеток на фотографијата (1839) до денес, како и повеќе од 21.000 фотографски книги и преку 500 стари фотографски камери.

Фотографската фондација М+М Оер е основана во 2009 година со цел да се заштитат и промовираат постојаните збирки како и да се надополнат со нови фотографски дела. Преку организирање изложби на млади, но и неправедно заборавени фотографи секојдневно ја надополнуваат меѓународната фотографска енциклопедија. Нивните публикации, како и организирањето работилници, предавања и семинари придонесуваат во разбирањето на фотографијата како медиум за креативно изразување.

Би можело да ве интересира

Изложба на фотографии „Вечни тела“ на Жарко Стојчевски и Искра Шукарова

Во галерија „КО-РА “- мал салон отворена самостојна изложба на рачно изработен накит од Соња Драгољуб Гиздавиќ

А1он

Самостојната изложба на рачно изработен накит на Соња Драгољуб Гиздавиќ

Предраг Петровиќ

Во Албанија изложба на тетовски средношколци – „Едно парче уметност“ од Тетово во Тирана!

А1он

Изложбата на дигитални колажи „Барокна подморница“ од Влада Урошевиќ и Марко Трпески

“Ескапизам: Меморијата и идентитетот” самостојна изложба на младата уметница Мила Добревска