Исландскиот композитор Олафур Арналдс oсвои награда на фестивалот „Скопје Синема Сити“

Од:

Исландскиот композитор на современа музика Олафур Арналдс освои награда на фестивалот „Скопје Синема Сити“, што се одржа во дворот на Кинотеката. Тој се заблагодари на примената награда на своите профили на социјалните мрежи.

Инаку фестивалот му додели награда на овој популарен композитор за негови достигнувања во музиката и филмот, а и го отвори фестивалот со неговиот филм „Кога ќе се родиме.“ За потсетување, Фестивалот ги има наградено со истата награда Дејвид Боуви (2015), Леонард Коен (2016), Руичи Сакамото (2018), Филип Глас (2019), Влатко Стефановски (2019) ибендот New Order (2020).

На затворањето на Фестивалот на 22 септември беше прикажан филмот за британскиот рокер Марк Болан. Во рамки на Фестивалот беа прикажани 12 филмови од најразлични продукции.

Фестивалот се одржа во организација на Здружението Номад-Арт Скопје и годинава беше организиран во соработка со Кинотеката, Гете Институтот и Фондацијата „Милан Младеновиќ“. Визуелните решенија, вклучувајќи го и дизајнот на наградата се дело на Дијана Димитриевска.

Би можело да ве интересира

„Скопје синема сити“ ќе прикаже филмови посветени на уметниците Олафур Арналдс и Мајлс Дејвис

Ана Ололовска

Дводневен летен филмски настан во склоп на фестивалот „Скопје синема сити“

Ана Ололовска

Филм за Леонард Коен и блок македонски филмови за затворање на 6. издание на Скопје синема сити

Ана Ололовска

Вечерва започнува 6.-то издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

Ана Ололовска

Филмови за Њу Ордер, Антон Корбејн и џез вечер на 6. Синема Сити

Ана Ололовска

„Скопје Синема Сити“ му ја врачи наградата за животно дело на композиторот Филип Глас

Ана Ололовска