Дводневен летен филмски настан во склоп на фестивалот „Скопје синема сити“

Од:

Филмскиот фестивал „Скопје синема сити“ организира дводневен летен филмски настан, во отворениот простор на Кинотека на Македонија. Настанот ќе биде отворен со изложбата на визуелниот уметник Стефан Шашков насловена „Мешање звуци“, која е инспирирана од музиката на авангардните амбиент-музичари Брајан и Роџер Ино, Џон Хасел, Харолд Бад и Роберт Фрип.

Првиот ден ќе бидат прикажани документарните филмови за Брајан Ино, „Имагинарни пејсажи“ и „Џон се обидуваше да контактира со вонземјани“, како и „Приказни од искршениот џубокс“ за музичарот и поет Том Вејтс. Вториот ден ќе се прикажат филмовите „Гранд Хотел Барбес“ и „System K.“

Брајан Ино е една од најважните фигури во светот на музиката и визуелните уметности како во 20., така и во 21. век. Иновативен, експанзивен и контроверзен, Ино, во кој било момент од неговата богата кариера наидувал на топол прием и признанија поради своите идеи, емотивен интензитет и музички иновации. Сето тоа ќе биде прикажано во филмот „Имагинарни пејсажи“, заедно со изложбата на Шашков „Мешање звуци“.

Настанот е организиран во соработка со Кинотека на Македонија и со Францускиот културен центар и ќе биде реализиран според актуелните здравствени протоколи кои се одобрени од Министерството за здравство за организација на јавни настани на отворено.

Авторка на визуелното решение е Дијана Димитриевска.

Редовното 7. издание на „Скопје синема сити“ е планирано да се отвори на 19 септември.

Би можело да ве интересира

Исландскиот композитор Олафур Арналдс oсвои награда на фестивалот „Скопје Синема Сити“

Ана Ололовска

„Скопје синема сити“ ќе прикаже филмови посветени на уметниците Олафур Арналдс и Мајлс Дејвис

Ана Ололовска

Филм за Леонард Коен и блок македонски филмови за затворање на 6. издание на Скопје синема сити

Ана Ололовска

Вечерва започнува 6.-то издание на филмскиот фестивал Скопје Синема Сити

Ана Ололовска

Филмови за Њу Ордер, Антон Корбејн и џез вечер на 6. Синема Сити

Ана Ололовска

„Скопје Синема Сити“ му ја врачи наградата за животно дело на композиторот Филип Глас

Ана Ололовска