Искра Шукарова на средба на уметници и менаџери во Њујорк

Од:

Кореографката Искра Шукарова е поканета во Њујорк на средба со уметници и менаџери од Источна Европа и САД. Средбата се одржува од 14-ти до 16 јануари и ја организира фондацијата „The Trust for Mutual Understanding and Movement Research“, а коспонзор е академијата Tisch School of the Arts во Њујорк.

Целта на средбата е да се дискутираат целите за продолжување на соработката помеѓу партнерите од Источна и Централна Европа и САД, вклучувајќи можности за стабилна структура, развојни проекти, како и споделување нови случувања во културниот сектор на национално и на регионално ниво.

Шукарова е поканета како учесник од Македонија поради голем број реализирани проекти и гостувања во САД преку фондацијата „The Trust for Mutual Understanding“, која ја поддржува како уметник уште од 1996 година.

На настанот ќе има учесници и од Романија, Србија, Летонија и Унгарија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска