Искра Шукарова гостува на интернационалниот фестивал за современ танц „Laiks Dejot 2021“

Од:

Искра Шукарова како кореограф и предавач гостува во Рига, Летонија на интернационалниот фестивал за современ танц „Laiks Dejot 2021“, кој се оддржува од 18 до 24 август во „Eduarda Smilga Theatre“.

Во Рига денеска Шукарова премиерно ќе го презентира своето ново дело „Децентрализирана циркулација“ во „Eduarda Smilga Theatre“. Таа информира дека делото ги истражува изведувачките модалитети на глас и движење тема која последните години ја инспирира Шукарова како автор.

Шукарова како дел од својот престој во Рига од 21 до 23 август во театарот „Eduarda Smilga“ ќе оддржи и мастер клас наменет за студенти и професионалци во полето на совремниот танц во Латвија.

Организатор и уметнички директор на фестивалот е Олга Житлухина, која е една од основачите на латвиската современа танцова сцена.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска