Интернационален салон на стрип во Велес

Од:

Во Ликовниот салон во Велес  вечер  во 19 часот ќе биде отворен 13. Интернационален салон на стрип „Велес 2015“, во организација на Стрип центарот на Македонија од Велес.

На Салонот на стрип ќе бидат доделени наградите од меѓународниот конкурс „Златен стрип 2015“ и годинешното признание за афирмација на стрипот на „Остен“.

– Наградата „Златен стрип 2015“ ќе им биде доделена на  „Дан Ианос (Романија), Аљоша Томиќ (колор), Марко Стојановиќ (сценарио), а ќе бидат доделени и втората и третата награда и останатите признанија и пофалници. Годинава на интернационалниот стрип конкурс пристигнаа 228 дела од 41 земја што далеку го надминува претходниот рекорд од 168 стрип стрип дела, вели Томе Трајков од Стрип центарот на Македонија-Велес.

Освен од Македонија на Стрип салонот ќе учествуваат и познати стрип автори од Турција, Албанија, Србија и Косово.

–  Салонот на стрип во Велес ќе биде отворен до 18 октомври и освен изложбите, љубителите на овој вид на уметност ќе имаат можност да присуствуваат на отворените стрип работилници. Во рамки на Салонот ќе биде отворена и стрип берза, а меѓу активностите посетителите и учесниците ќе можат да разменуваат искуства и да разговараат на тема стрип уметност, информира Трајков.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон