Инспиративен концерт на „Љубојна“ во Прилеп

Од:

На сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп синоќа македонската музичка група која изведува етно-музика, „Љубојна“, одржа целовечерен концерт.

Групата „Љубојна“ ја одушеви прилепската публика со својот настап, емотивно изведуваќи ја музиката со етно-елементи.

Повеќе од 20 години „Љубојна“ работи на проекти што се засноваат на истражувања на македонската музика и култура.

Групата е зад повеќе проекти, перформанси, музика за филмови и настапува во светот со разновидни мултимедијални претстави.

„Љубојна“ досега има објавено девет албуми.

Би можело да ве интересира

Промоција ‘Од ракописот на една жена’

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

АКТО 18: Проекција на „Витиќ танцува“ или борбата на поединецот за јавното добро

Асемина Проедру и Елеонора Венинова го отворија 8. издание на МФФ Киненова

Оливер Митковски и Андреја Салпе по втор пат во МНТ ќе го изведат поетско-музичкиот електронски акт „Поетроника“

Кристина Краличин добитник на првата награда на конкурсот „Il Parnaso – Premio Angelo La Vecchia”