Импров-групата „Настап“ вечер во МКЦ

Од:

Импров-групата „Настап“ вечер од 20 часот ќе има изведба во Младинскиот културен центар, во која петтемина учесници ја користат импровизацијата како алатка за време на креативниот процес.

Актерите ќе играат сцени за кои немаат сценарио, но имаат правила, во зависност од играта. Овој вид на целовечерна претстава без сценарио ѝ дава можност на публиката директно да учествува во создавањето на содржината преку задавање локации, ликови или проблеми во сцените, кои актерите тогаш, првпат, ќе ги одиграат.

Според учесниците, заснован на овие игри за импровизација, адаптирани да се играаат пред публика, „Настап“ е комична, непосредна, но комплексно структурирана театарска претстава, обврзана да критикува, демистифицира и образува, оградувајќи се од вулгарност и прост подбив.

Играат: Сергеј Димовски, Мартин Манев, Григор Јовановски, Дамјан Цветановски и Тони Денковски Водител е Андреј Цветановски.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија