Игор Стевковски ја доби наградата за најдобар карикатурален стрип во Лесковац

Од:

Илустраторот и стрип цртач Игор Стевковски-Стевац е добитник на признанието за најдобар карикатурален стрип „Мивел“ на 21. Балканска смотра на млади стрип автори во Лесковац, што ја организираше училиштето за стрип „Никола Митровиќ Кокан“.

Извршниот директор на Стрип центар на Македонија, Ване Трајков истакна дека смотрата е посебно почитувана од стрип сцената во нашата држава и претставува најпогодно место за остварување контакти и идна соработка, како и презентирање на актуелните изданија од македонски автори и издавачи.

Освен Трајков, учесници од нашата земја биле и Ласко Џуровски, Златко Крстевски, Никола Темков и младите Томи Џуровски и Никола Панов.

– Морам да го истакнам квантитетот, но пред се’ и квалитетот на изложените стрипови, посебно од страна на младите автори од земјите на Балканот. Уште еднаш се потврди дека со зголемена поддршка кон младите автори од нашата земја, посебно во полето на едукацијата, тие ќе чекорат „рамо до рамо “ со своите врсници од странство, потенцира Трајков.

Тој појасни дека првите мегусебни контакти со овој реномиран стрип фестивал се реализирани за време на минатогодишниот Интернационален стрип салон во Велес, кога на Игор Стевковски Стевац му беше доделено годишното признание за развој и афирмација на македонскот стрип „Љупчо Филипов“.

Би можело да ве интересира

Изложба на стрипови и промоција на публикацијата „Школа за ангажиран стрип“

Ана Ололовска

Изложба „Скопска стрип акција 2019“

Ана Ололовска

Во Велес отворен 17 Меѓународен салон на стрип-„Велес 2019“

Ана Ололовска

На 17-от Салон на стрип во Велес нема да се додели првата награда „Златен стрип“

Ана Ололовска

Александар Стеванов застапен во стрип-магазинот „Парабелум“

Ана Ололовска

Објавена третата стрип книга за Итар Пејо

А1он