Македонскиот танчер и кореограф Игор Киров ќе учествува на 32. меѓународен фестивал „Сараевска зима 2016“ што ќе се одржи на 6-ти март годинава во Сараевскиот воен театар.
Киров ќе настапи заедно со српскиот кореограф и солист на балетот на белградското Народно позориште Александар Илиќ. Тие ќе го изведат диптихот Balkan Dance Project Vol 1. составен од „Реминисценција“ и „Приказни“.
Balkan Dance Project Vol 1 беше премиерно одигран на 5 ноември 2015 година на сцената Раша Плаовиќ на Народно позориште, во организација на словечекиот фестивал Велење. По премирата следуваше балканска турнеја: Скопје, Штип, Велес, Кршко,…
Во претставата учествуваат Теодора Сујиќ, Мојца мајцен, Адријана Данчевска, Миона Петровиќ и Катарина Стојковиќ.
Balkan Dance Project-от го основаа Киров и балетската уметница од Словенија Мајцен, за да ги зближат уметниците од просторот на поранешна Југославија.
Меѓународниот фестивал „Сараевска зима 2016“ годинава се одржува под мотото „Душата на уметникот/душата на градот“.