ИФФК „Браќа Манаки“ завршува со македонска премиерa на „Деца на Сонцето“

Од:

Македонскиот долгометражен филм „Деца на Сонцето“ по неодамнешната проекција во Кан, вечер во Битола ќе ја има својата македонска премиера и ќе го затвори 35-то издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“.

На денешната прес-конференција во Битола, режисерот Антонио Митриќески, кому ова му е трет филм, посочи дека „Деца на Сонцето“ е снимен во Преспа, место кое визуелно не е доволно искористено.

– Во овој проект ме водеше фимскиот јазик на неореализимот, филмот неодамна беше прифатен од публиката во Кан, продаден е на американски дистрибутер, а е поканет на фестивал во Лондон, САД, Канада и во Азија, истакна Митриќески.

Насловот на филмот „Деца на Сонцето“ е инспириран од Сонцето како извор на енергија.

– Сите ние сме нечии деца. Сонцето ни дава љубов, ни дава топлина. И, луѓето, несебично како сонцето треба да даваат љубов, разбирање… Мислам дека овој наслов најмногу одговараше бидејќи луѓето не треба да даваат за да бараат нешто за возврат, да знаат да простуваат. Сонцето е како и цветот на цвеќињата, даваат мирис без да бараат ништо за возврат, појасни режисерот Митриќески.

Во филмот „Деца на Сонцето“ настапуваат актери од сите генерации, доајените Милица Стојановска и Мето Јовановски, потоа Билјана Танески, но и млади неафирмирани актери за кои како што рече Митриќески, ја исполниле неговата желба да бидат успешни дебитанти.

Од прес-центарот на ИФФК „Браќа Манаки“-Битола, продуцентот на филмот „Деца на Сонцето“ Дејан Милошевски потврди дека нивната продуцентска куќа ги исплатила сите трошоци кон сите лица што учествувале во подготовката и реализацијата на филмот и најави дека со режисерот Митриќески почнале нов проект, филмот „Цар Самоил“ кој ќе се снима во соработка со три копродукциски куќи од Србија, Канада и од Македонија.

Би можело да ве интересира

140 години од раѓањето на Милтон Манаки: Изложба во рамки на фестивалот нем и класичен филм

Осврт кон 43. ИФФК „Браќа Манаки“: Кинематограферска елита во Битола и одлична филмска програма

Горан Наумовски

„Извидник“ на Алекс Цветков утре го затвора „Браќа Манаки“

Наум Локоски

Оддадена почит на гробот на Милтон Манаки

Наум Локоски

Отворен фестивалот „Браќа Манаки“, Клаудија Кардинале продефилира на црвениот тепих

Наум Локоски

Клаудија Кардинале пристигна во Битола

Наум Локоски