Ансамблот на НУ Народен театар-Битола вечер на матичната сцена ќе ја изведе претставата „Јане Задрогаз“ од Горан Стефановски во режија на Љупчо Ѓоргиевски.
Собраните средства од продадените влезници кои чинат по 150 денари ќе бида донирани за обнова на неодамна опожарениот планинарски дом „Копанки“ на Пелистер, информираат од оваа национална установа.
По завршувањето на оваа хуманитарна акција, актерите на битолскиот театар ќе продолжат со подготовките на премиерната претстава „Тартиф“ од Молиер во режија на Сашо Миленковски која ќе биде изведена на 15 март.