Хуманитарен викенд на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија

Од:

Под мотото „Да помогнеме“, издавачката куќа „Арс Ламина“, во соработка со книжарниците „Литература.мк“, организира хуманитарен викенд за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. На 18 и 19 февруари, во сите книжарници на „Литература.мк“, целиот приход од продадените книги од македонски автори, кои се во издание на „Арс Ламина“, ќе биде пренаменет за донација на погодените подрачја.

-Во овие тешки мигови, наша општествена и морална одговорност е да подадеме рака и да бидеме луѓе за оние на кои тоа е најмногу потребно. Ве повикуваме да се приклучите кон акцијата и со секое купено издание од македонски автори во издание на „Арс Ламина“ да помогнете на настраданите. „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ ќе продолжат со својата хуманитарна мисија, секогаш подавајќи рака на оние на кои им е потребна помош, се наведува во најавата за хуманитарниот викенд.

Би можело да ве интересира

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пречек на Армијата која учествуваше во спасувачката мисија во Турција

Горан Наумовски

Нов силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Собрани 27.909.130 денари за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Битолските спасители се вратија од настраданите подрачја во Турција

Ана Ололовска

Црвениот крст ја испрати првата пратка со хуманитарна помош за Турција и Сирија

Ана Ололовска