Хрватскиот народен театар од Сплит вечер гостува на Мајски оперски вечери со балетската претстава „На пат“ во кореографија на реномираниот Игор Киров.
Претставата е по музика на Јохан Себастијан Бах, а настапуваат 17 танчери: Екатерина Кузњецова, Матеа Милас, Габриела Меде, Ева Карпиловска, Хазуки Танасе, Тина Хатлак, Лејла Бајрамовиќ, Аља Кадриќ, Артјом Жусов, Иван Бојко, Александар Корјаковски, Ремус Димаче, Ромулус Димаче, Урош Шкапер, Аскатбек Јусупжанов, Јевен Барановски и Франческо Бруни.
Костимографијата е на Александар Ношпал, а дизајнер на светло е Бранимир Бокан.
„На пат“е музичко-сценско дело што стои на работ меѓу сонот и реалноста. Користејќи ги како музичка подлога „Голдберг варијациите“ на Бах, балетот комбинира класични и современи танцови елементи во изведба на 17 танчери. Во него Киров уште еднаш докажува дека имагинацијата, динамиката и техничката подготовка претставуваат јадрото на неговата кореографска уметност.