„Хофманови приказни“ на Офенбах за отворање на 41. „Мајски оперски вечери“

Од:

Со премиера на операта „Хофманови приказни“ на Жак Офенбах на 9 мај свечено ќе бидат отворени 41. „Мајски оперски вечери“ (МОВ). Режисер на претставата е Урсула Хорнер од Австрија, диригент Најден Тодоров од Бугарија.

На програмата годинава се уште четири опери „Травијата“, „Атила“, „Лучија од Ламермур“ и „Аида“ со која на 31 мај традиционално се затвора фестивалот. Покрај нив има и еден балет „Дон Кихот“, како и дводневен оперско-драмски настан на 11 и 12 мај во рамки на манифестацијата Европски оперски денови кои се одбележуваат во стотина оперски куќи низ светот.

– Во секоја од претставите ќе има солисти докажани во светот кои со улогите со кои ќе настапат кај нас прават големи кариери, рече на прес-конференција Дејан Прошев, директор на Македонската опера и балет.

Како пример за големи ѕвезди што ќе гостуваат на МОВ ги посочи Русинката Ирина Лунгу во улогата на „Травијата“ и Италијанката Марија Грација Скиаво во ликот на Лучија. Го спомна и гостувањето на екипи од Турција, Белгија и Бугарија за затворањето со Вердиевата „Аида“.

Годинашните „Мајски оперски вечери“ ќе бидат посветени и на 200 години од раѓањетона Верди, 50 години од скопскиот земјотрес и 20 години од соработка со други земји. Мотото годинава е „Момент кој треба да се доживее“. Цената на билетите е пониска од минатите години и е од 400, 600 и 800 денари, а 200 за настанот посветен на Европските оперски денови. За блок-билети попустот е 40 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Успешен настап на Националната опера и балет во Народниот театар во Белград со „Севилскиот берберин“

Ана Ололовска

Традиционален Гала оперски концерт по повод празникот „Василица“ 2023

Ана Ололовска

„Палјачи“ од Руџеро Леонкавало во Национална опера и балет

Во Националната опера и балет ќе се изведе операта „Кавалерија рустикана“ од Пјетро Маскањи

Горан Наумовски