Познатиот џез-блуз бенд „Гуру Харе“ утре во 20 часот и 30 минути ќе настапи на платото „Лептокарија“ во рамките на „Карпошово културно лето“.
„ Џез-музиката споена со ликовен перформанс на Касиопеја Наумовска, ќе биде вистинска атракција не само за љубителите на музиката и уметноста, туку за сите присутни“ – најавуваат од Општина Карпош која е организатор на настанот.
Игор Атанасоски, кои повеќето го позноваат како Харе, ги претставува македонските блузери на фестивалите. Почнувајќи како член на групата „Банкрот блуз бенд“, се појавува во безброј музички записи како гитарист, автор на музика и аранжер, а забележителен успех постигна и со блуз-албумот на Игор Џамбазов. Со легендата на блузот, Лоуисиана Ред и со гитарата на познатиот Елморе Јамес направи една мала интимна свирка која остана запаметена во јавноста. Харе ќе се претстави со музика од својот најнов албум, како и со неколку блуз-стандарди, придружен од одличниот бенд составен од Златко Михајловски – Бумбар, Трајко Симоновски – Таци и Жарко Пејковски – Жба.