Грубишиќ: По неуспешниот рекет, Тозија се нафрли на „Јадран филм“

Од:

Винко Грубишиќ од „Јадран филм“ испрати соопштение, реакција на прес-конференцијата на Горјан Тозија од Агенцијата за филм на Македонија и на веста за отворената истрага од Јавното обвинителство за серијата „Македонија“.

„Ви пишувам во врска со веста од Јавното Обвинителство и серијата на полувистинити изјави од страна на Горјан Тозија в.д. директор на Агенција за филм на Македонија. На самиот почеток морам да кажам дека воопшто не е лесно да се трпи агресијата на државниот службеник кој се обиде преку државните пари да „ги пребие“ своите лични долгови и при тоа манипулира, уценува и се заканува со удар на државни институции против продукцијата на една ТВ серија“ се вели во соопштението на Грубишиќ.

Во соопштението тој вели дека се отворени за соработка со јавното обвинителство и дека ќе ги достават сите документи и информации поврзани со нивната работа. Грубишиќ упатува на изјавата на Тозија кој на прес-конференција информираше дека ЈО покренале постапка за криминал во целиот проект, што според него е свесна манипулација на јавноста за целиот случај.

„Ние за разлика од Тозија немаме што да криеме и ќе соработуваме со надлежните институции и ќе ги дадеме на располагање сите информации. Ја поздравуваме предистражната постапка со оглед дека немаме што да криеме и сме постапувале согласно законот. Спротивно на наводите на Г. Тозија, тој се среќаваше со претставниците на Јадран филм повеќе пати и не само што ја договори динамиката на продукцијата, туку и се вклучуваше во именување на личности од заедничка доверба на чело на продукцијата, Борис Грегуриќ. Како на пошироката јавност, така и на официјалните тела да им прикажеме за големите лаги на Г.Тозија, во прилог ви доставуваме и фотографија од заедничкиот ручек, како и автентична порака која Г.Тозија ја испратил на продуцентот на Јадран филм од која се гледа како таа личност безобзирно лаже. Г.Тозија свесно ја лаже македонската влада и целата јавност дека ќе ја наплати банкарската гаранција, која всушност и ја нема. Од јавноста ја крие информацијата дека во септември 2017 година како би се сопреле лагите кои се претставуваат на Владата и јавноста во писмен облик понудивме ГАРАНЦИЈА не само од матичната компанија, туку и лична финансиска гаранција за завршување на серијата“ вели Грубишиќ.

Тој додава дека компанијата е со 71-годишно искуство и дека продуцирале преку стотина филмови и скапи серии и никогаш не фалело ниту денар, а така ќе биде и овој пат.

„Секако, ова е обид за компромитација на проектот од страна на Тозија и како би се запреле сите подметнувања, Јадран филм службено понуди двојна гаранција за секој денар од страна на матичната компанија, како и од мене лично како продуцент. Тоа Тозија го крие и од Владата на РМ и од пошироката јавност. Ако се има предвид рекетот и притисокот на кој сме изложени, презедовме мерки за заштита но и бараме заштита од надлежните институции во Македонија и Хрватска. Такви мерки на заштита преземаат и други наши партнери од САД и Европа имајќи ја во предвид штетата која може да се случи со дистрибуцијата на проектот Македонија. Ја повикуваме јавноста да обрати внимание на потполно непримерниот, вулгарен и уличарки јазик со кој се служи таа личност, обидувајќи се да ги сокрие вистинските причини за тоа што противзаконски се обидува да го направи, обид за пребивање на своите лични долгови“ се вели во соопштението.

„Ве повикувам да го објавите и писмото на Б.Грегориќ упатено на службените тела на Македонија и првата од пишаните пораки со кои јасно се докажува намерата на Тозија, свесно и намерно да говори невистини во која тој лично ги договара деталите за соработка и начинот на реализација на серијата и снимање на истата, за да подоцна не обвини за доцнење на истата. Обрнете внимание и на други делови и негови пораки во кое лично го договара ангажирањето на Борис Грегуриќ со кој јасно го договара планот за продукција за крај на месец септември, за да после неуспешниот “рекет“ не обвини дека доцниме. Ве повикувам да проверите лично кај членовите на Управниот одбор, кога каде и какви одлуки носеле. И за крај јавно повикувам да го прашате Тозија што конкретно барал од нас, какви услуги и желби“ се вели во соопштението на Винко Грубишиќ од „Јадран филм“.

Би можело да ве интересира

Јадран филм: Покренати нови кривични пријави и побарување од Горјан Тозија

Наум Локоски

„Јадран филм“ најави дека ќе ја тужи Агенцијата за филм, парите им биле незаконски одземени

Наум Локоски

Агенцијата за филм на РМ: Одземени 300 илјади евра од „Јадран филм“ за неисполнувањето на договорот

Ана Ололовска

Реакција на „Јадран филм“: Владата е погрешно информирана, серијата „Македонија“ се снима

Наум Локоски