Грчката претстава „Чист град“ го затвора 44. Млад отворен театар

Од:

Со претставата од Грција „Чист град“, вечер од 20 часот во Младинскиот културен центар ќе заврши 44. Млад отворен театар на кој годинава беа изведени 16 претстави.

„Зошто мнозинството што ја чисти Атина се жени или имигранти? Дали се тие ‘родени’ чистачи и колку нивните биографии се разликуваат од вашите?“ – е темата што ја отвора претставата во која режисерите Анестис Азас и Продромос Циникорис го истражуваат расизмот на „чистотата“ и „наивноста“, опасноста од фашизмот, женската имиграција во Грција и идентитетот на „чистачката“.

– Како театар на реалноста, „Чист град“ ги наоѓа и редефинира стереотипите преку погледи и лични искуства на вистински експерти што се однесува до чистотата: жените имигрантки, чистачки на Атина, наведува МОТ во најавата на последната претстава од годинашното издание.

Покрај оваа, гостински претстави на 44. МОТ имаше и од Словенија, Хрватска, Италија, Романија и Португалија.

Би можело да ве интересира

Скопска премиера на „Несоодветно за на работа“ на МОТ

Ана Ололовска

Три претстави и промоција на книга на МОТ

Ана Ололовска

„Младина без бог“ – претстава за загубената верба во вредностите на Европа

Ана Ололовска

Перформансот „Човековиот срам“ вечер на МОТ

Ана Ололовска

„Оваа зграда зборува (на)вистина“ го отвора 44. Млад отворен театар

Ана Ололовска

ВИДЕО: На 13 септември почнува 44-то издание на МОТ

Ана Ололовска