Гран-при за театарот „Сартр“ од Сараево на петтиот фестивал „Гола месечина“

Од:

Гран-при за најдобра претстава на 5. Интернационален фестивал на комедијата „Гола месечина“ доби претставата „Једваносимсобоакаломистобо“ на Сараевскиот воен театар „Сартр“ од Босна и Херцеговина. Покрај Гран-при, и режисерот на претставата, Алеш Курт, ја доби наградата за најдобра режија.

Одлуката едногласно ја донесе жирито во состав: Иван Лео Лемо (претседател) и членовите: Магдалена Ризова-Черних и Љупчо Петрушевски, по проследувањето на шесте претстави кои од 18-ти до 24 јуни учествуваа на годинашниот фестивал (три од Македонија и три од БиХ и Србија).

Наградата за најдобра машка улога му се доделува на Фаик Мефаилоски за ликот на Ерџан во претставата „Синиот портокал“ на театарот „Јордан Хаџиконастантинов-Џинот“ од Велес.

Наградата за најдобра женска улога ѝ се доделува на Сања Крстовиќ за ликот на Живка (Г-ѓа министерка) во претставата „Госпоѓа Министерка“ на Народниот театар од Ниш.

Награда за најдобра епизодна улога оваа година добива Анета Томашевиќ за толкувањето на ликот Госпоѓа Потер во претставата „Кидај из моје кухиње” на Театарот од Шабац.

Костимографката Елена Дончева, пак, ја добива наградата за претставата „Дванаесетта ноќ (спроти Водици)“ во изведба на театарот „Антон Панов“ од Струмица.

На двајца актери им се доделува Награда за млад актер – Ефтим Трајчев Ѓаурски од Народниот театар Штип за улогата во претставата „Умри машки“, и на Давор Сабо од Сараевскиот воен театар „Сартр“ за улогите во претставата „Једваносимсобоакалимистобо“.

Наградите ќе им бидат врачени вечер на затворањето на петтиот фестивал, кој го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром.

Претходно ќе биде изведена претставата „Тоби“ на Театарот за деца и младинци, а по доделувањето на наградите пред публиката ќе настапи стендап-комичарот Марјан Ѓорѓиевски.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

„Боинг Боинг“ го затвори годинашното издание на Меѓународниот театарски фестивал во Крива Паланка

Битолскиот театар со „Хамлет-денот на убиствата“ на фестивал во Полска

Премиера на комедијата „Жени во црвено“ во Македонија