Гран-при на „Мал битолски Монмартр“ за училиштето Спишска Бела од Словачка

Од:

Меѓународното стручно жири за годинашната меѓународна ликовна манифестација „Мал битолски Монмартр“ соопшти дека наградата Гран-при за 2013 година е доделена на учениците од основното уметничко училиште Спишска Бела од Словачка.

Претседателот на жирито и раководител на Детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола Коста Хаџи Антоновски истакна дека на конкурсот учествувале 543 училишта од 23 држави од Европа и светот со вкупно 15.287 цртежи.

– Највисокото признание на колонијата, наградата Гран-при, заслужено заминува за Словачка за ученците од основното уметничко училиште Спишска Бела. Добитници на Специјалната награда за колекција годинава се младите ликовни таленти од турскиот град Кочаели и од бугарскиот град Трговиште. Од пристигнатите 15.287 творби, 875 ќе бидат изложени на светската изложба која ќе биде отворена на 23 мај во Битола, посочи Хаџи Антоновски.

Со одлука на жирито, посебна покана за гостување и учество на годинашниот „Мал битолски Монмартр“ им е упатена на 21 екипа, а за време на одржувањето на колонијата во Битола ќе бидат доделени 18 награди „Златна четка“, 144 награди „Златна палета“ и 240 дипломи за поединечни остварувања на меѓународниот ликовен конкурс.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска