Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ годинава со 50 програмски активности

Од:

Меѓународна поетско-ликовна колонија „Нацртај песна“, промоции на книги и наградени автори, трибини и тркалезни маси, како и други 50 промотивни и културни настани годинава се предвидени во програмските активности на Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје.

Активностите ќе се реализираат во матичната библиотека „Браќа Миладиновци“, како и во централните библиотеки „Другарче“, „Страшо Пинџур“ и „Цветан Димов“ во Скопје.

Според Братислав Ташковски од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, вкупно 50 културни настани, меѓу кои и две нови програмски содржини, е голема бројка за градот Скопје.

– Во рамките на тие програми ќе бидат традиционалните содржини на промоции на книги и наградени автори и ќе продолжиме со одржување трибини и тркалезни маси посветени на творештвото. За прв пат годинава со поддршка од Град Скопје ќе се одржи манифестацијата „Нацртај песна“ и содржини поврзани со Светскиот ден на раскажувањето и Меѓународниот ден на театарот, рече Ташковски.

Според Биљана Кочишка од Градска библиотека „Браќа Миладиновци“, годинава се воведени и проекти што малку отскокнуваат од основната дејност на библиотеката – книгата и внесуваат креативност и имагинација.

– Ќе излеземе надвор од библиотеката да оствариме директен контакт со корисниците и сите членови од заедницата. Да го привлечеме вниманието дека библиотеката не е само институција во која можете да добиете само книга, туку институција каде може да добиете секаков вид информација за едукација, образование, имагинација и дизајн, рече Кочишка.

Посочи дека со поддршка на Град Скопје ќе се спроведе и кампања за подигање на свеста за важноста на библиотеката во заедницата под мотото „Библиотека за библиотеките“ во која ќе бидат вклучени сите 40 библиотеки од целата држава.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Кампања „Читаме современи македонски автори“

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечната унија на земјите од централна и источна Европа и Кина

Ана Ололовска

Втор форум на библиотечна унија на земјите од ЦИЕ и НР Кина

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска

Празнична изложба на книги во Битолската библиотека

Ана Ололовска