Град Скопје: Реконструирани делови од објектот на библиотеката „Другарче“

Од:

„Град Скопје изминатиов период изврши реконструкција на делови од објектот на библиотеката „Другарче“.

Во рамките на овие градежни активности беше извршена санација на платото и на скалите пред влезот на објектот, а беше целосно реновирана и детската игротека во библиотеката „Другарче.“ Во детската игротека е поставена нова опрема и реквизити.

Извршената реконструкција е дел од континуираните заложби на Градот Скопје за подобрување на условите за корисниците на услугите на културните институции под негова надлежност.

Финансиските средства за оваа реконструкција беа обезбедени од Буџетот на Град Скопје“ соопштија од Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати

Град Скопје најавува кривична пријава за Курто Дудуш поради дива депонија со канцерогени материи

Предраг Петровиќ

Град Скопје: Од 15 институции надлежни за загадувањето, само ние реагираме

Катерина Ѓуровски

Решението за опасната крстосница кај „Љубен Лапе“ заглавено во институционални лавиринти

Тодевски, Стојановски и Петковски се најдобрите полицаец, пожарникар и крводарител на град Скопје

Приватните превозници ќе добиваат надоместок по остварен километар