Гостување на шведската оперска певица Ан Халенберг на концерт на Филхармонијата

Од:

Македонската филхармонија вечер во Македонската опера и балет ќе го одржи вториот симфониски концерт од новата  сезона, насловен „Ах тие летни ноќи“. Диригент е  Пол Меккриш од Англија, а ќе настапи шведската оперска певица Ан Халенберг.

На програмата се делата „Прошетка до рајската градина“ која, како што најави Филхармонијата, е една од најимпресивните оркестарски композиции на англискиот композитор Фредерик Делиус, и циклусот од шест песни „Летни ноќи“ од францускиот композитор Хектор Берлиоз. Тие ќе бидат премиерно изведени во Македонија, како и епската Четврта симфонија од германскиот композитор Јоханес Брамс.

– Овој концерт е посебен не само поради впечатливата програма, туку поради извонредните гости. Зад пултот со Македонската филхармонија ќе застане англискиот диригент Пол Меккриш, кој се смета за еден од најдобрите познавачи на барокната и ренесансната музика, а македонската публика ќе има ретка можност во живо да ја слушне една од водечките оперски певици во Европа, мецосопранот Ан Халенберг од Шведска. Таа доаѓа од престижните оперски куќи како Миланска „Скала“ или „Реал“ од Мадрид и соработува со реномирани диригентски имиња како Рикардо Мути или Кент Нагано, соопшти Филхармонијата. 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска