Во трите дена предвидени за оваа манифестација ќе бидат претставени најдобрите фолклорни песни, народни ора, градска музика, модерен танц и уметнички дела, кои најдобро го отсликуваат Гостивар, но во годинешната програмска понуда застапени се само уметници од албанската етничка припадност.
Активностите ќе се одвиваат во амфитеатарот во градскиот парк и на градскиот плоштад по 22 часот.
„Госфест им се посветува на сите граѓани на Гостивар, посебно на љубителите на уметноста. Да не заборавиме да споменеме дека ’Госфест‘ се реализира во период кога печалбарите се враќаат во родното место, ова оди и за нивна почит за добре дојде форма”, информираат од општина Гостивар.
Културната недела во Гостивар е под покровителство на локалната власт, во рамките на програмската определба на градоначалникот Невзат Бејта за поддршка на културата и промоција на локалните културни здруженија.
Г.М.