Голем интерес за изложбата „Конекција 2″ во Пловдив

Од:

На Европската ноќ на музеите што синоќа се одржа во Пловдив голем број посетители до долго во ноќта присуствуваа на првото претставување на групната изложба на македонските уметници од концепцијата „Конекција 2“.

На покана на општинската установа „Стар Пловдив” во галеријата на познатата Балабанова Куќа, свои дела изложија нашите уметници Марјан Ѕин, Иво Пецов, Зоран Мише, Слободан Милошески, Горан Тричковски, Павел Целкоски, Адриана Јованоска, Иван Стоименов, Ице Огненовски, Јорданчо Ристовски и Јовица Миленов.

Изложбата ја отворија Васко Шутаров и Амелија Гешева во име на домаќинот, а свои обраќања имаа и првите луѓе на организацијата „Пловдив-Европски град на културата 2019 година“.

Изложбата во Пловдив ќе биде поставена до 2 јуни.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“