Годинава најдолгиот ден не е 21. јуни, туку 5. октомври „Бела ноќ 2013“

Од:

Годинешново 9-то издание на традиционалната градска манифестација Бела ноќ ќе се одржи на 5-ти октомври, најавија денеска организаторите на оваа традиционална културна Манифестација, Град Скопје и Младинскиот културен центар-Скопје.

-Веќе девет години по ред, Градот Скопје и јавните културни институции ја реализираат оваа Манифестација, по којашто Скопје е препознатлив во регионот и со која нашиот град се вброи во неколкуте во Светот, што организираат ваков целовечерен настан. Сакам да ги известам граѓаните дека од 19 часот, линиите на ЈСП што сообраќаат кон централното градско подрачје ќе бидат бесплатни, но бесплатни ќе бидат и сите настани што ќе бидат дел од ова 24 часовно културно дружење. Затоа, Ве покануваме, да бидете дел од Бела ноќ, Манифестација што полека но сигурно станува заштитен знак на градот Скопје, истакна градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

Директорот на МКЦ, Златко Стевковски, потенцираше дека, како и изминатите години, така и оваа, скопјани ќе може да се насладуваат на уметноста. Mузика, филм, поезија, модерна уметност, мода, до сега незабележана поставка во историјата на македонската уметноста, во четири институции на тема „Уметникот и диктатурата“, спектакуларен перформанс на градскиот плоштад Македонија со светската атракција, познатата француска трупа Commandos Percu.

belanokj2013posterfinal

-Повеќе од 15 години оваа трупа патува по светот со својот перкусионизам и специфична умешност со огнометот. Фузијата од музика и огномет е нивниот главен механизам. Јазикот што е и нов и прастар, минува низ неколку култури и жанрови.Третиот елемент што се појавува е движењето, т.е. уметноста на изненадувањето, кое ги води музичарите/пиротехничарите до поголем предизвик, што го верифицира и името на трупата. Скопјани ги очекува голем музичко-сценски спектакл проследен со константно пиротехничко шоу…По подолг период, на Бела ноќ се приклучуваат и дел од националните установи, така, Националната галерија на Македонија – Чифте амам, е дел од годинешното издание на Бела ноќ, рече Стевковски.

Бела ноќ ќе ја прогласи за отворена градоначалникот Трајановски, вечерта на 5 октомври во 20:30, во Музејот на град Скопје. Потоа поворката ќе се движи традиционално по улицата Македонија, а спектаклот на Белата ноќ ќе се случи на Плоштадот Македонија, со почеток во 21 часот. Во целата чаршија ќe се случуваат повеќе настани, концерти пред Стоковна куќа – МОСТ, изложби во Галерија 8, ИКОМОС, перформанси…

-Киното „Милениум“ и киното „Фросина“ повторно со отворени врати за 24 часовните БЕСПЛАТНИ филмски маратони кои ги вклучуваат најактуелните филмски мега хитови, како и најдобрите европски остварувања…Од 22 часот, ќе почне и СИНЕ СИТИ – киното на отворено, на огромното кино платно, во Градскиот парк со селекција од најдобрите филмови од предходните изданија на фестивалот на европски филм CINEDAYS.

Традиционална полноќна модна ревија, пак ќе се случува на скалите на влез во Гратскиот трговски центар. Како и секоја година, така и оваа, Град Скопје и Секторот за јавни дејности, ќе ги организира натпреварите во Street Ball, што ќе се одиграат на фонтаната „Лотосов цвет“ во градскиот парк. На истата локација веднаш потоа перформанс ќе одржат Parkour & Freerun Challenge. Зоолошката градина организира БЕСПЛАТНО попладневно матине, што ќе трае од 16 до 20 часот, а во овој период, граѓаните на Скопје ќе можат бесплатно да се превезуваат со автобуските линии на ЈСП, кои сообраќаат на оваа маршрута, бр. 8 и бр. 15а.

Bela-nok

Градска библиотека „Браќа Миладиновци” на 5 октомври 2013 година ќе организира отворен ден во Библиотеката каде што познати личности (пејачи, актери, спортисти, јавни личности) ќе имаат улога на библиотекари,со цел да се соберат парични средства и да се донираат на детската клиника за организирање на „Игротека-библиотека“ во која хоспитализираните деца ќе може да го поминуваат своето време во читање книги. Секое зачленување во библиотеката ќе биде донирано за клиниката, а членството во сабота од 11 до 16 часот може да го регистрираат Сашко Коцев, Весна Петрушевска, Суперхикс, Некст тајм, Тамара, Викторија Лоба, Есма Реџепова, Наумче Мојсовски, Влатко Илиевски, Пеперминт и многу други. Настанот е поддржан од првата дама на Република Македонија, госпоѓа Маја Иванова.

Би можело да ве интересира

„Бела ноќ“ во Скопје

Бесплатен јавен превоз за сите граѓани за време на „Бела ноќ 2023“

A1on

Отворен повик за уметници за манифестацијата „Бела ноќ 2022“

Традиционалната „Бела ноќ“ утре на 13 локации низ Скопје

Ана Ололовска

„Бела ноќ“ 2020 – изложби, концерти, перформанси и многу други културни настани во Скопје

Ана Ололовска

Бела ноќ по 16-ти пат в сабота на 10 локации

Ана Ололовска