Годинашново седмо издание на Струмица Опен Фестивал ќе се одржи од 10 до 19 август, соопшти организаторот, Здружението „Културен забавен живот“.
– Од 10 до 19 август, Струмица ќе ги активира своите уникатни сцени под отворено небо и по седми пат ќе овозможи гостување на најдобрите македонски, балкански и светски артисти. Десет дена нашите срца ќе пулсираат во најкарактеристичниот летен ритам на СОФ 2018.
Настапувачите со своите хип хоп, рок, џез, класични, етно, поп или електронски звуци ќе го освојат целото ваше внимание! Нашето срце вели дека годинава СОФ ќе го има најгласното, најмодерно и најразиграно издание! Послушајте го вашиот внатрешен глас и допуштете си нова летна авантура, информираат од „Културен забавен живот“.
Како и досега, сите настани на Седмото издание на фестивалот ќе бидат целосно бесплатни за сите посетители.