„Гласот на славејот“ – концерт на Филхармонијата со сопранот Милена Арсовска

Од:

Македонската филхармонија вечер ќе изведе симфониски концерт насловен „Гласот на славејот“ под диригентство на Даниел Рајскин од Русија, на кој како солист ќе настапи сопранот Милена Арсовска – меѓу најистакнатите македонски вокални уметници со успешна меѓународна кариера.

Филхармонијата најави дека првпат на македонската музичка сцена ќе биде изведено делото Три песни за сопран и оркестар од аргентинскиот современ и мошне влијателен композитор Освалдо Голијов, кој е познат по својата музичка хибридност – комбинација на традиционалната камерна музика, еврејските литургии и музиката клезмер со примеси на новото танго на Астор Пјацола.

Премиерно Филхармонијата ќе го изведе и делото „Хипнагогија во Тулијанум“ на младиот македонски композитор Никола Крстевски, кое ја освои првата награда на конкурсот на Министерството за култура во 2015 година.

На концертот „Гласот на славејот“ ќе биде изведена и Симфонија бр. 5 оп. 55 во б-мол „Херојска“ од рускиот композотор Александар Глазунов која е опишана како „прекрасна архитектонска поема“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Италијанското оперско пеење доби статус на културно наследство на УНЕСКО

Предраг Петровиќ

Оперската претстава „Турандот“ од Џакомо Пучини во Национална опера и балет

Предраг Петровиќ

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска