Фотографска изложба и претстава „Догвил“ во МОТ+ програмата

Од:

Во пресрет на 41-виот театарски фестивал Млад отворен театар-МОТ, кој ќе се одржува од 21-ви до 27 септември, задутревечер (14 септември) Младинскиот културен центар организира МОТ+ програма.

Програмата МОТ + во 19 часот ќе почне со отворање фотографска изложба „МОТ (1984-1996)“ на Љупчо Илиевски, еден од најистакнатите фотографи, засега единствен од Македонија чии фотографи за мегалитската опсерваторија Кокино се објавени во српското издание на престижното специјализирано списание за фотографија National Geographic.  Илиевски е автор на девет самостојни изложби, присутен е на повеќе филмски фестивали, а за својата работа е и повеќепати  наградуван.

Потоа, од 20 часот во МКЦ ќе се изведува претставата „Догвил“ во режија на Кокан Младеновиќ, на „Миксер Хаус“ од Белград. Се работи за театарската адаптација на истоимениот филм на Ларс фон Трир. Меѓу другите играат и Бранислав Трифуновиќ и Милица Мајсторовиќ, а музиката за претставата во живо ја изведува Vrooom.

– Претставата ја следи приказната на Грејс која бегајќи од гангстери, наоѓа засолниште во навидум идиличниот град наречен Догвил. Исфрустрираноста, тесноградоста и агресијата на жителите на оваа идеализирана заедница бргу ќе излезат на виделина и Грејс ќе стане жртва на оние на кои таа сакаше да им помогне и во чија хуманост и добрина веруваше, наведува МКЦ, информирајќи дека билетите за претставата се веќе во продажба.

Би можело да ве интересира

Љутков: На Велес му го враќаме театарот во неговата вистинска институционална форма

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски

Театрите и Филхармонија со зголемен број претстави/концерти и посетители во 2023/2024

А1он

Шест години постоење на „Театар Провокација“

А1он

Вечерва „Хинкеман“ на независниот театар Златен Елец го отвара 49. МОТ

А1он

„Ние, луѓето“-премиера