Последниве неколку години, се прославува оптичката илузорна уметност, но таа постои уште од 16-ти век.
Италијанскиот сликар Џузепе Арчимболдо, роден во Милан во 1524-та година, започнал најпрво да слика нечисто стакло пред да премине на портрети.
Иако од далеку портретите од далеку личат на човечки лик, композициите на уметникот се состојат од овошје, зеленчук, птици, книги и други објекти. Неговата необична визија ги тераше луѓето да помислат дека нема само имагинативен ум, туку и дека веројатно е ментално болен.
„Тенка линија ја дели фантазијата од неконтролирани халуцинации“, пишува „Њујорк Тајмс“ во анализа на неговата работа од 2007-ма година.
Јасна Атанасова