Илузија за празничната семејна идила

Од:

Мирно и хармонично – така би требало да биде во семејствата за празниците. Но, конфликтите се чести  токму за време на празниците.

Психијатарот Манфред Лак истакнува дека за жал, семејството си го отежнува животот со тоа што се обидува да биде совршено за време на празниците.

– Прават сите да бидат заедно, дека се сакаат и потоа разбираат дека нивниот семеен живот воопшто не е така убав и носталгичен каков што бил некогаш. Ние во психијатријата често се соочуваме со такви „резултати“ за Божик. Некои луѓе длабоко се потресени, затоа што празниците не биле совршени, онака како што замислувале. Ете и poради тоа е добро да поканите други луѓе за Божик во вашиот дом: осамени, азиланти, и така натаму.  Тоа не е едноставно ни за една страна, но со странци на маса, семејството одеднаш се однесува поинаку и опуштено. Над се, нема заеднички „боцкања“ во семејството, истакнува Лак.

Тој за порелаксирани празници предлага семејството да ги согледа и добрите работи, а не само лошите.

Секогаш постојат членови во семејството кои не ги сакаме. Но, може да биде интересно да се прашате: што е добро во тоа дека таа личност постои?  Постојат, на пример некои тетки или стриковци кои никој не ги поднесува. Во тој случај, добро е тоа што цело семејство се здружува во озборување на тој член, кој така ги стабилизира односите. Мојот предлог би бил, семејството да му заблагодари на таа личност бидејќи му овозможило на семејството да се почувствува како заедница.

Би можело да ве интересира

Колку луѓе ја дочекаа Нова година на небото? Во моментот на пристигнување на 2024 летале 10.560 авиони

А1он

Ковачевски со новогодишна честитка: Среќна Нова 2024, можеме, знаеме и умееме да обезбедиме подобар живот за сите

А1он

Првото бебе во 2024 година е машко: Се роди точно на полноќ

А1он

Новата година веќе пристигна во Кирибати

Нема огномет на плоштад за Нова Година, Град Скопје ќе ги донира парите

Катерина Ѓуровски

За празниците ќе дежурaaт поликлиниките Јане Сандански, Чаир, Ченто, Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Драчево и Бит Пазар