ФОТО: Изложбата „Resist! What?“ на МОМИ во Загреб

Од:

Друштвото на ликовни уметници на Македонија во соработка со Хрватското друштво на ликовни уметници, во петокот, организираа отворање на изложбата „Resist! What?“ на група МОМИ во галерискиот простор на „Галерија Карас“ во Загреб, Хрватска.

momiZagreb2

На изложбата се претставија уметниците-членки на групата МОМИ: Марија Сотировска, Зорица Зафировска, Ана Ивановска, Маја Кировска, Христина Зафировска, Татјана Ристовска и Кристина Хаџиева.

momiZagreb5

„Авторките од уметничката група „МОМИ“ го реализираат своето креативно и критично делување во рамките на едно јадро, во поширока перспектива на потврда на своите позиции не само во рамките на локалната уметничка сцена, туку и во регионот.

momiZagreb4

Иако сосема дивергентни по својот сензибилитет и своите одделни уметнички интереси, заедничкото функционирање на овие авторки создава хомогена група која својот интерес го базира доминантно врз универзални хуманистичко-критички теми на интерес, со допирање на женскиот принцип во сите сфери на создавање и дејствување.

momiZagreb1

Во своите дела „МОМИ“ нудат иронични и духовити одговори на многу етички прашања кои влијаат врз индивидуата, а се иницирани од различни теми од секојдневието-општествената патологија, економските состојби, политиката,социјалните и родови прашања… Нивната хетерогеност условува и потреба претставувањата да гравитираат околу една, вообичаено двосмислено насловена тема, која нуди широк простор за повеќеслојни толкувања од различни аспекти.

momiZagreb3

Според „МОМИ“, изложбата насловена „Resist! What?“ повторно дава можност за двозначно толкување – како отпор и да се оддолее – како критичка свест и отпор кон одредените репресивни општествени аномалии; социјално-економската несигурност, родовите/културолошките стереотипи; секојдневната глобална социјална комуникација, … но, во својата спротивност и како потреба/нужност/желба/намера да се „истрае“ пред предизвиците на „радосните животни моменти“ и себесатисфакцијата, односно еден хуманистички, хедонистички, па дури и забавно декадентен „чин на творење и битисување“, вели кураторката Маја Чанкуловска-Михајловска.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“