ФОТО: Изложба на Исмет Рамичевиќ – критика на апатичниот однос кон социјалните теми

Од:

Во Чифте амам на 28 октомври (вторник), во 20 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на Исмет Рамиќевиќ под наслов „Насока“.

При лоцирањето на местото на Исмет Рамиќевиќ во одредени рамки на историјата на современата македонска уметност, како неизбежна одредница ја посочуваме секако неговата припадност на генерацијата што почнува да создава на оваа почва во осумдесеттите години и што ја дефинира македонската ликовна сцена во деведесеттите години на 20 век.

ismet-ramicevic3

„Во поглед на континуитетот во творештвото, може да констатираме дека во „Насока“, Исмет Рамиќевиќ останува доследен на дефинираните принципи во неговото творештво. На ниво на естетика, авторот ја продолжува наклонетоста кон вертикалните форми трансформирани во симплифицирани цилиндрични облици, кои провејуваат во целото негово творештво. Од технички аспект, како наследство од користењето скулпторски материјали, авторот настојува да ги искористи до максимум сите можности на синтетичките материјали и конечниот визуелен ефект што се постигнува со секој од нив, но не инсистира на трајноста на објектите, туку на едноставноста на индустриската форма.

ismet-ramicevic1

Овој повеќеслоен проект силно навлегува во повеќе сфери на ангажираноста (социјална, политичка, еколошка) со повеќе конструирани целости, визуелно издиференцирани и изведени во различни синтетички/индустриски материјали (стиропор, најлон, полиестер, бетон…) што од своја страна ја отсликуваат комплексноста на идејата која (повторно) говори за незапирливото дехуманизирање на човекот. Проектот „Насока“ на Исмет Рамиќевиќ, во крајна линија, е многу лична критика на современиот апатичен, па дури песимистичен и крајно дефетистички однос на човекот кон социјалните/политички/еколошки теми и можните насоки на нашето дејствување потенцирајќи ја притоа човековата немоќ да се справи со глобално дадените состојби.“, се вели во воведниот текст за оваа изложба.

ismet-ramicevic

Исмет Рамиќевиќ е роден во 1960 година во Дубница, Сјеница, Србија. Дипломирал во 1985 година на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, оддел скулптура, во класата на проф. Петар Хаџи Бошков. Член е на ДЛУМ од 1987 година. Работи како вонреден професор по предметите вајање, вајарски техники и цртање на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Досега реализирал 18 самостојни претставувања во Скопје, Прилеп, Пловдив (Бугарија), Ниш (Србија) и Њујорк (САД), а учествувал на мноштво значајни групни претставувања во Скопје, Риека, Цетиње, Сараево, Мурска Собота, Љубљана, Нови Сад, Панчево, Вашингтон, Дрезден, Апатин, Виена, Брисел, Софија, Варшава, Париз, Берлин, Тетово, Охрид, Нирнберг, Лос Анџелес, Шумен, Безел, Чачак, Рим, Белград, Софија, Талин, Подгорица, Лондон, Ровињ… За своето творештво е добитник на повеќе награди.

ismet-ramicevic2

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“