ФОТО: Американскиот уметник Кервин К. Вилијамсон изложува во Галерија 8

Од:

Изложбата насловена “Во градот” на американскиот визуелен уметник Кервин К. Вилијамсон ќе биде отворена вечерва во 19:30 часот во просториите на Галерија 8, Безистен, Стара Скопска чаршија. На изложбата ќе бидат претставени црно-бели и колор дигитални фотографи коишто Вилијамсон ги има изработено во Њујорк и Скопје.

-Она што го креираме ги рефлектира аспектите од тоа кои сме и што сме. Уметноста влијае на сè – на начинот на којшто живееме, се храниме, се облекуваме, мислиме, чувстуваме и комуницираме еден со друг. Уметноста е причината, уметноста е начинот, вели Вилијамсон. kervinIzlozba1

„Урбаната фотографија е како истражување: визуелно, ментално и емоционално. Кога станува збор за истражување на некој град, тоа истражување прераснува во нешто повеќе, отколку само прикажување на неговите улици, спомениците, култните локации и структурата. Тогаш фокусот е ставен на малите нешта, моментите кои само малкумина ги забележуваат, големите и малите промени, временските услови кои накратко го менуваат расположението во градот, но и како ние се чувствуваме. Сепак, повеќето градови се или премногу или премалку фотографирани, при што се добива препознатлива слика од нивните урбани пејзажи и луѓето коишто во нив живеат. Па оттука се поставува прашањето: Како стариот субјект да го прикажеме во ново светло?

Континуираниот развој и промени во изгледот на градот (во одредени делови, малку по малку), се предизвик за визуелниот уметник и му овозможуваат ново поле за истражување; не само на неговата структура, туку и на неговите составни делови и односот кон околината. Зголемената употреба на стакло во архитектурата (или слични современи материјали), создава светлечки, полу-рефлективен изглед на урбаниот пејзаж, што резултира со моќна глетка и длабочина. Изложбата ќе претставува кратко патување, кое истражува аспекти на градот, а на гледачот му отвараат нова перспектива во гледање на веќе познатата глетка“, се вели во текстот за оваа изложба.

kervinIzlozba2

Кервин К. Вилијамсон живее и работи во Њујорк, САД. Од 2001 година интензивно почнува да се занимава со уметност работејќи на својата прва стрип/ графичка новела „Земјата на изгрејсонцето“. Од 2006 г. почнува да слика апстрактни слики, а од 2009 г. почнува да фотографира во црно-бела техника. Негова инспирација се урбаните делови на Бруклин и Менхетен, а потоа се префрла и на дигитална фотографија. Неговиот најнов проект „The rise of the young ones” се фокусира на модерната архитектура, урбаните промени и социјално-историските причини за тоа.

Би можело да ве интересира

Клупска изложба на фотографии „Мајски салон 2024“ во Центарот за култура во Куманово

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

Отворање на изложбата „Денис Боувен“ во МКЦ по повод Светскиот ден на уметноста

Предраг Петровиќ

Во Музеј галерија Кавадарци изложба на дела од ликовниот уметник Новица Трајковски

Во Струмица изложба „10 до 12“ на Костадин Батев

Се отвора изложбата „Координати на еден сон: 60 години проектирање современост МСУ СКОПЈЕ 1964 – 2024“