Филмскиот проект „М“ на Вардан Тозија со награда на копродукцискиот форум Агора

Од:

На престижниот копродукциски форум Агора, во рамките на 59. Филмски фестивал во Солун, наградата Crossroads беше доделена на режисерот Вардан Тозија и продуцентот Дарко Попов, за филмскиот проект во подготовка, со работен наслов „М“ на продуцентската куќа Фокус Покус.

„Наградата за пост-продукција ја доделуваме на иден филм со високи визуелни амбиции, воден од режисер, кој според нас, обединува она што режисер треба да го носи во себе: раскажувач, но воедно и познавач на техниката на филмот. Затоа, се одлучивме оваа награда да ја доделиме на „М“ на Вардан Тозија“ – изјави Паскал Диот, директорот на филмскиот маркет на Венецискиот филмски фестивал . Остатокот од жирито го сочинуваа романската продуцентка Ада Соломон и францускиот дистрибутер Алексис Хофман. Наградата вклучува постпродукција и финализација на слика и тон на идниот филм, во реномираното атинско студио „2:35“.

Инаку, приказната на „М“, филм што треба да се реализира наредната година, следи две напуштени деца кои се обидуваат да пронајдат љубов и заштита, во разурнат и суров дистописки свет во блиската иднина.

Би можело да ве интересира

Хрватска премиера на македонскиот филм “М“ на Пулскиот филмски фестивал

Филмот „М“ на Вардан Тозија доби награда за најдобар филм на фестивал во Њујорк

Американска премиера на „М“ на Вардан Тозија во Њујорк

Ирска го казни Инстаграм со рекордни 405 милиони евра заради детски податоци

Филмот „М“ на Вардан Тозија ќе учествува на фестивалот во Котбус

А1он