Францускиот институт во Скопје заедно со Кинотека на Северна Македонија организира вечер посветена на младите и оние што се чувствуваат така, со интересен анимиран филм на Реми Шаје и одлична комедија претставена на официјалната селекција на Канскиот филмски фестивал во 2020 година.
Во терминот од 18 часот вечер ќе може да се погледне анимираниот филм КАЛАМИТИ ЏЕЈН на Реми Шаје (2021)
Дејството се случува во 1863, САД. Во конвој упатен кон Запад со надеж за подобар живот, таткото на Марта Џејн се повредува. Таа треба да го предводи семејниот караван и да се грижи за коњите. Токму тогаш започнува една опасна авантура полна со средби низ кои ќе дојде до израз храброста на Каламити Џејн.
Во 20 часот, пак, ќе следи проекцијата на „Антоанета во севените“ на Каролин Вињал (2020), со Лор Калами, Бенжамен Лаверн, Оливија Кот
-Со месеци Антоанета го чека летото поради ветувањето за една недела одмор со нејзиниот љубовник Владимир. Но, кога тој го ќе го откаже одморот за да замине на Севените со жена му и со ќерка му, Антоанета не се мисли: и таа заминува по него! Кога ќе стигне таму, нема никого, освен магарето Патрик, кое ќе и’ се придружи во текот на ова оригинална авантура, се наведува за филмот.