Филмови на Кишловски во ноемвриската програма на Кинотека

Од:

Ноемвриската програма на Кинотеката нуди десет филмови на славниот полски режисер Кшиштоф Кишловски кои ќе бидат прикажани во рамки на „Недела на полски филм: Светот на Кшиштоф Кишловски“ од 25 ноември до 4 декември.

Од неговата рана полска фаза, кога го инкорпорира документаризмот во играниот филм, па сè до неговите последни три интернационални проекти (главно во француска продукција), познатата трилогија „Три бои“ (Сино; Бело; Црвено – како боите на француското знаме), двата долгометражни играни филма кои произлегоа од неговата ТВ серија „Декалог“: „Краток филм за убивањето“ и „Краток филм за љубовта“. Тука е и „Двојниот живот на Вероника“ – филм што ја интернационализира неговата успешна кариера. Смртта го спречи Кишловски да реализира уште еден долгометражен игран филм од „Декалог“ – „Краткиот филм за љубомората“, како и трилогија со темата за пеколот, чистилиштето и рајот.

На програмата за ноември се и филмови на Милчо Манчевски по повод 25 години од успехот на неговиот филм „Пред дождот“ во Венеција и за неговиот 60-ти роденден. Филмофилите ќе имаат можност да ги видат „Прашина“, „Сенки“ и „Мајки“ на 35 мм филмска лента, како и претпоследниот негов филм „Бикини Мун“ снимен пред две години.

Ноември во Кинотеката нуди и Ретроспектива на фестивалот на дебитантски играни филмови „Киненова 2019“, преку проекциите на наградените филмови на годинашното издание.

Минипрограмата со германски филмови по повод денот на обединувањето донесува три одлични наслови: „Збогум Ленин!“ на Волфганг Бекер, „Небото над Берлин“ на Вим Вендерс и горчливата комедија „Улицата Борнхолмер“ на Кристијан Швохоу. Од 21 ноември во Кинотека ќе има и Недела на шпански филм со програма која ќе опфати филмови од класичното дело на Фернандо Фернан Гомез – „Животот продолжува“ до остварувања од поновата продукција.

Би можело да ве интересира

Кинотеката ќе прикаже три филма со Марлон Брандо по повод еден век од неговото раѓање

Кинотека во рамки на проектот Сезона на филмски класици ќе го реставрира Мис Стон

Предраг Петровиќ

„Мојот последен здив“ – промоција на автобиографијата на Луис Буњуел во Кинотека

Ана Ололовска

„Кино за млади“ во Кинотеката

Недела на италијанската кенематографија во Кинотека

Ана Ололовска

Анимирани и филмови за тинејџери во Кинотеката

Ана Ололовска