Филмаџиите добија помош од Агенцијата за филм

Од:

По препораките на Владата на Република Северна Македонија и сите релевантни европски институции кои апелираат за итна помош на филмот, во договор со претседателот на Друштвото на филмските работници, Игор Иванов, а по конструктивната средба со министерот за култура Хусни Исмаили, во рамките на своите законски овластувања, Агенцијата за филм од средствата од годишниот буџет, пристапи кон исплаќање на веќе започнатите филмски проекти кои се во поодмината фаза на реализација, односно оние кои се завршени или се пред завршување, соопшти Агенцијата за филм, додавајќи дека во изминативе два работни дена биле исплатени вкупно 27 филмски проекти.

– Заради светската пандемија предизвикана од коронавирусот откажани се сите филмски снимања, а воедно се откажани и сите копродукции кои беа планирани, како и Канскиот фестивал. Стопирањето на сите активности во филмската сфера ја доведуваат под голем знак на прашалник финасиската состојба на независните филмски работници, како категорија на граѓани кои немаат постојано вработување и се директно зависни од од активностите на независните продуценти чии проекти се финансирани од страна на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, информираат од Агенцијата за филм.

Директорот на Агенцијата за филм на Република Северна Македонија, Горјан Тозија во рамките на своите надлежности презеде мерки за помош на независните филмски работници (фриленсери) и продуцентските куќи.

Во таа насока, како што посочуваат, за понатамошна помош формирана е комисија од ДФРМ и Агенцијата за филм која ќе работи на изнаоѓање на правна рамка и разгледување на барањата и можноста за директен надоместок на филмските работници.

– Ова е само прва итна мерка, а во зависност од времетраењето на оваа голема криза Агенцијата за филм во соработка со ДФРМ, со сите свои сили ќе работи на изнаоѓање и на други мерки со кои ќе им се овозможи директна материјална помош на филмските работници, велат од Агенцијата за филм.

Би можело да ве интересира

Агенција за филм: ДКСК конструира невистина наместо да се занимава со спречување корупција

Кривична одговорност за директорот на Агенцијата за филм и за неколку градоначалници на Радовиш бара Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Министерство за култура: Ќе се исплатат сите обврски кон македонскиот филм до крајот на годината

Агенција за филм: Филмска продукција ќе има, продолжува континуираната поддршка на македонскиот филм

Предраг Петровиќ

Лазаревски реагира на објавата на Венецискиот филмски фестивал: Нема прогон на автор, туку расчистување на финансиски злоупотреби

„Банана филм“ на Манчевски поднесе кривични пријави против раководството на Агенцијата за филм