Со дефинитивна судска наредба, од приватната колекција на починатиот филипински диктатор Фердинанд Маркос, која сега се наоѓа во сопственост на неговата вдовица Имелда, ќе бидат одземени дваесетина уметнички слики, меѓу кои се и дела на Пикасо, Гоген, Миро и Микеланџело.
Сликите се дел од бесценетата уметничка колекција која семејството Маркос кога имаше апсолутна власт на Филипините ги купуваше на аукции, но и од галерии со сомнително потекло.
Имелда Маркос во филипинската, но и светската јавност остана позната по фактот дека по нивното присилно напуштање на претседателската палата Малакананг во нејзината гардероба беа избројани 6.544 чивта чевли и стотици дијамантски украси.
Неодамна починатиот диктатор Маркос беше погребан како приватна личност, без ниту еден знак на државна благодарност. Вдовицата Имелда побара нивната приватна колекција на слики и драгоцености да и остане како наследство, но трите инстанци во филипинското правосудство проценија дека тоа богатство и припаѓа на државата, со чии пари тие биле купувани.